По повод Детската недела која започна на 03 октомври, денес во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица беше реализиран прием на првачињата во Детската организација.
Во чест на првачињата беше организирана културна уметничка програма во чии рамки беше прочитано детското ветување.
На свечената академија присуствуваше градоналачникот на општината, г- дин Љупчо Колев, како и ученици, наставници и родители.
На сите првачиња им посакуваме среќен прием во Детската организација!