На презентацијата присуствуваа градоначалникот на општина Босилово, претставници од општина Босилово, ЈПКД Огражден и ООУ св.Кирил и Методиј – Иловица.

Компанијата концесионер „ Еуромакс Ресурсес“ односно од страна на нејзините соработници и експерти беше презентирано идејно решение за пристапен пат до концесикото поле. Подетално беа опфатени два пристапни патни правци од кои едниот би започнувал од концесиското подрачје па покрај населеното место Штука ке завршува или ке се спојува со патниот правец помеѓу населеното место Турново и Иловица и Штука. Ова идејно решение за пристапен пат замислено е да се користи за движење на градежната механизација за изградба на инфраструктурата на рудникот за бакар и злато.

Другиот пристапен патен правец кој е планирано да се користи за транспорт на рудата од рудникот ке се простира помегу населените места Секирник од општина Босилово и населеното место Сушица од општина Ново Село и ке завршува на територија на општина Босилово на магистралниот пат А4.

Коментари

коментари