Во знак на благодарност за успешната и долгогодишна соработка, а по повод 25- годишнината од своето работење, ТВ Канал ВИС од Струмица и додели благодарница на општина Босилово.
„Како резултат на нашата успешна соработка и Вашето објективно информирање, граѓаните на општина Босилово и пошироко секогаш, брзо и навремено дознаваат за сите случувања и актуелности во нашата општина“ –рече градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев, заблагодарувајќи се на овој убав гест на внимание од страна на оваа телевизија
.