Денес во просториите на Културно Едукативниот Центар во Босилово се одржа дваесет и третата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и на истата беа донесени повеќе одлуки:
1.Одлука за избор на Раководите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион согласно спреведениот Јавен оглас,
2.Одлука за преотстапување на реконструираниот објект “Културен Дом во с.Ракитец”-Општина Конче,
3.Одлука за преотстапување на објектот “Парково уредување на излетничко место Габровски водопади”- Општина Струмица,
4.Одлука за преотстапуваање на објектот “Детско игралиште и урбана опрема во парк во с.Сулдурци”- општина Радовиш.