Релјеф и Клима

Општина Босилово има живописна релјефна структура и е подрачје со плодна рамница која се простира до подножјето на планината Огражден. Дното на таа рамница на која се распростираат обработливите земјоделски површини, е составено од алувијални и плодни почви од подземни води, а околните тераси се од полесни и посуви почви.

единствено населените места Иловица, Штука, Хамзали и Дрвош, кои се наоѓаат на надморска височина преку 300 метри, имаат ридско-планински карактеристики поради нивната распространетост на падините на планината Огражден. Според тоа, можеме да заклучиме дека во Општината постојат три релјефни форми: рамничарски (низински), ритчест и планински.
Највисокиот врв на планината Огражден изнесува 1744 метри, односно нејзиниот венец преставува воедно и природна граница со општина Берово. Падините на планината Огражден изобилуваат со голем број на долни и преслапи, ноз кои се спуштаат повеќе планински и реки и потоци.

planina-ograzden

Планина Огражден

Климатски карактеристики

Поради специфичната географска положба, општина Босилово ја каркаректиризираат две зонални Клими, Субмедитеранска, со поголемо или помало вкрстување со источно-конинтеналната клима, чијашто испреплетеност на регионот му даваат посебен белег – долги топли лета со високи среднодневни температури и намалено годишно количество врнежи, намалени зимски температури и појава на ветрови од сите правци.
каректеристилни за општина босилово се северозападниот и југозападниот ветер, а поретко и северниот и јужниот топол ветер.
Во однос на сончевата топлина, Општината се каректирзира со долг период на сончеви денови во текот на годината и со висок светлосен интензитет, ( има околу 230 сончеви денови во текот на годината). Сончевиот сјај просечно трае 2.377 часа годишно. Магла во просек има најмногу 20 дена во годината.
Поради субмедитеранските влијанија и влијанието на континенталната клима, климатските услови во Општината се карактеризираат со намалено количество на врнежи и намалена зимска температура. Дневната температура во зимскиот период најниско се спушта и под третиот Целзиусов степен, а во летниот период таа достигнува и над 40 C. Во однос на врнежите на годишно ниво тие варираат од 330м3 на м2 до 884мм3 на м2.

Геолошки и релјефен состав

Општина Босилово има контрасна релјефна структура, составена од плодна рамница и ридско-планински предели. Од сите населени места во Општината, 12 се рамничарски населби, а 4 се ридски населби.
Регионот на Општината е поделен на ридско-планински, во кој се застапени скалестите и рамничарските почви, алувијалните почви, смолниците, гајњачите и карбонантните почви. Поголем дел од обработливите површини припаѓаат на рамичарскиот релјефен дел, што се наоѓаат на надморска височина од 250 метри и се од првостепено значење за земјоделсвото во Општината. Тоа се површините покрај речните корита на реките Струмица и Турија. Останатите површини потпаѓаат на ридско-планинскиот релјефен дел. Ваквата бонитетна и почвена каректеристина на Општината го определува и начинот на користење на земјиштето од страна на земјоделските субјекти, така што, од вкупната земјоделска површина, најголемиот дел (87%) припаѓаат на обработливите површини каде доминираат ораниците и бавчите.

Хидролошки карактеристики

Хидрографската мрежа во општина Босилово е доста богато испреплетена со повеќе реки, потоци, вештачка акумулација и сл. Главен реципмент во Општината, со регулирано речно корито, е реката Струмица, којашто во Општината се протега во должина од 9.5км. Лева притока на ректа Струмица е реката Турија, со должина на речното корито во Општината од 7км. Десна притока на реката струмица е Моноспитовскиот канал со 14км речно корито, кое е регулирано во должина се до Моноспитсовското Блато. Во реката Турија се влева и помал речен канал – Петралички Азмак и Иловичка Река, во должина од 9,8 км., која истекува од браната, односно вештачката акумулација Иловица. Во реката Струица се влева и Штучка Река која извора од падините на планината Огражден, со должина на корито од 4км.
На територијата на општина Босилово се наоѓа и вештачка акумулација Иловица врз основа на која постои и регионален водовод за водоснабдување на локалното население како и за наводнување на земјоделските површини. Се наоѓа на падините на планината огражден со проектирана зафатнина од 420.00 м3. вода.

Тектонски карактеристики

Постојат сосема малку податоци на тектонските карактеристики на општина Босилово. Конфигурацијата на теренот, морфолошки е разновидна за што пресудно значење одиграле тектонските движења што се случувале пред т.н,,среден олигоцен“.
Рудникот за неметали ,,Огражден”, на планината Огражден, односно рудните наслаги од фелдспад се настанати во услови на интензивна супституција на К2О, компонента од гранит Na2O со високо температурни гасно-речни раствори за време на долна креда (пред 111 милиони години) што го селектира наоѓалиштето во метасоматски тип. Полето кое денес служи за изведување на земјоделски активности во Општината е формирано во времето на истекувањето на Плиоценското Езеро од Струмичката котлина.