Природни Ресурси во општина Босилово

Според богатсвото со природни ресурси, наоѓалиштата на метали во општината се уште не се познати, но затоа пак има рудник за неметали. Рудникот за екполатација на фелдспанд -.Огражден е од натриски карактер и е единствен во Република Северна Македонија, но и на Балканот.
Петрографските албитски рудни тела се каректиризираат со бела боја, масивна текстиура и варијабилна структура. Во однос на минеролошкиот состав тие содржат 89-94% албит, 4-8% кварц, 0.5 серицит, како и мали остатоци на рутил, титанит и алкритал.

rudnikzanemetaliograzden

Рудник за неметали на планината Огражден

Потврдено е наоѓалиштето на бакар и злато на планината Огражден во непосредна близина на населените места Иловица и Штука. Се очекува експлоатацијата на ова рудно богатство да започне во 2017 година. Наоѓалиштето е дадено под концесија на компанијата „Euromax resources„ која што има обезбедено и дозвола за експлоатација.

lokacijanarudnikotzabakar-i-zlato

Локација на рудникот за бакар и злато на пл. Огражден

Други значајни природни ресурси во Општината се и шумите кои се застапени на површина од 2.086 хектари. Тие во голема мера овозможуваат развој на сточарството.
Интересен природен ресурс во општината е и познатото Моноспитско Блато кое се наоѓа во непосредна близина на населеното место Моноспитово. Моноспитовското блато влегува во групата на заштитени подрачја како споменик на природата. Изобилова со богат растителен и животински свет овозможувајќи реализација на голем број на проекти од областа на заштитата на животната средина и развој на еко-туризмот.