КУД “Гоце Делчев” – Босилово
Историјата на КУД ( Културно Уметничко Друштво ) “Гоце Делчев” Босилово започнува во 1945г. со поставување на првата пиеса изведена на македонски јазик, “Печалбари” од Антон Панув, во просториите на училиштето во Босилово, тогаш во рамките на СФРЈ. КУД низ годините се менуваше како организационо, така и квалитативно, па мтокму затоа секогаш успеваше да ја оставарува својата главна мисија и цел : Зачувување и Промоција на македонските традиционални ора, драми, музика и песн, со тоа што го зачувува и крева на повиско ниво културниот идентитет на македонскиот народ.
Низ друштвото поминале над 500 членови од Босилово и регионот, кои учествувале, се обучувале, изведувале и биле дел од друштвото и неговата 60 годишна историја.
КУД со неговите активности создава дух на дружење и забава, заедништво и социјализација, љубов и пријателство помеѓу членови на разлилна возраст од дедови до внуци.