КУД “Русалии”

Русалиите според некои толкувања датираат од паганско време, но и со премногу елементи од христијансвото, преку симболиката прикажана во вкрстувањето на кал`чките, начинот на облекување на двете црвени шамии и шарата на калчуните.
За време на Османлиското царство, иако наметнато да облекуваат костими или делови од облека кои ќе асоцираат на нешту муслиманско (чалма), Русалиите го запазувале својот идентитет на христијани, со тоа што ставале крст на свежа крв од некое животно или петел на челото или качуните.

Име

Застануваме на две верзии кои го објаснуваат името.
Според П.Ј Шафурич, зборот Русалии или Русалки е од словенско потекло и означува почитувани женски лица, кои се сметани за Божици на потоците и реките.
Според легендите од кукушко-гевгелискиот крај, каде што се најзастапени овие игри од минатото се до денес.
Вера Кличкова забележува дека, името Русалии дошло од трагичната приказна за двајца млади, спрема која девојката го заљубиламомчето кога тој ја украл Црвената роза-трендафил од градината на девојката, па бидејќи родителите на двевојката биле против таа љубов, тие двајцата се уудавиле во езеро наречено -Вирот.

Кореографија

Русалиските дружини или таканаречени чети, се состојат од десет, дваесет или триесет двојќи.
Се движат двајца по двајца, а се како едно тело, две нозе, две раце. Џиерархијата и дисциплнината во Русалиските дружини е закон, според кој :
Напред одат Балјтаџијата и Кесаџијата, орото го заводува Танчарот – јузбашија.
Паралелно покрај дружината одат двајца чауши, еден напред на колоната, еден назад и уште двајца до четворица слуги и еден гласник.