ЈОУДГ„Среќни насмевки“ Босилово својата дејност ја остварува во еден објект кој се наоѓа во с.Босилово бр.405. Објектот е со корисна површина од 399,76 m2 и дворна површина од 421,24 m2.  Проектираниот капацитет на градинката изнесува 55 деца, организирани во 3 хетерогени воспитни групи од кои една група до 2 години со капацитет од 12 деца и две групи од 2 години до поаѓање во основно училиште со капацитет од 20 и 23 деца.  Организацијата на животот и работата во Градинката e во рамките на нејзиното работно време од 06:30 до 17:30 часот, според одлука за работното време на градинката бр. 02-101/9, донесена на 25.08.2023 година.