Фолклорен фестивал во општина Грмен – Република Бугарија

Членови на КУД „Русалии„  – с. Секирник  и КУД „Кирил и Методија„ – Иловица на ден 21.04.2017 учествуваа на фолклорен фестивал во Република Бугарија.

Седмиот фолклорен фестивал со наслов  „Да пееме, да танцуваме„ го организира општина Грмен и традиционално се одржува секоја година во општина Грмен.
Фестивалот има интернационален карактер со учество на повеќе културно уметнички друштва од земјите на Југоисточна Европа. 

Концерт на КУД „Гоце Делчев“- Босилово

По повод денот на општина Босилово вчера на ден 09.04.2017 (Недела) се одржа целовечерен концерт на Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“- Босилово.

На манифестација свои настапи и точки имаа и: Ристе Гавровски , група „Пицикато“ и  Јовче Пандев.

„Бенли Таш“ – Камен на плодноста 2017

Река од трактори полни луѓе денеска се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Четврта година по ред, се возобновени обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион. Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај.

Потпишан договор за реконструкција на културен дом во населено место Секирник

Градоначалникот на о.Босилово Г-дин Љупчо Колев денес потпиша договор за реконструкција, доградба и адаптација на Домот на културата во населено место Секирник.

Како изведувач се јавува фирмата ДГТУП Џови Компани ДООЕЛ.

Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку interreg-IPA програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија и ќе се спроведува во општина Босилово и општина Грмен.

Вкупниот буџет на двете општини е 412.111 евра од кои 229,676 евра се за општина Босилово.

Проектот , Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово – Грмен преку зачувување на локалните културни традиции,, е петти заеднички проект што го реализираат двете општини.