БИОГРАФИЈА

gradonacalnik

Колев Љупчо, роден на 01.11.1960 година во Струмица, живее во с.Турново бр.192,Општина Босилово.

Основно образование завршил во родното село, средно образование во ДСУ “Јане Сандански“ Струмица.

Високо образование завршил на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ – Економски факултет во 1985 година. Извршувал раководни функции во неколку приватни компании, јавни претпријатија и државни институции. Оженет , татко на едно дете.

Почитувани сограѓани,

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Босилово преку која сакаме да ви ја претставиме нашата општина со сите нејзини особености кои ја прават нашата средина поразлична од другите.

Развојот на нашите локални заедници претставува основен темел за развојот на Република Македонија.Со оваа цврста заложба застанавме пред вас на локалните избори во 2009 година, барајќи ја вашата доверба.

Општина  Босилово како локална самоуправа е  формирана во 1996 година  а инаку како стара општина функционира од далечната 1963 година.

Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко Поле, помеѓу планините Огражден и Беласица зафаќајќи површина од околу 150 км2.

Низ нејзиниот средишен дел поминува реката  Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.

Општина Босилово има  вкупно 14.260 жители со 16 населениместа или вкупно 3744 домаќинства.

Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.

Општина Босилово

Градоначалник Љупчо Колев