Продолжува реализацијата на акцискиот план за чистење на одводните канали во Општина Босилово.

Проектот за чистење на одводните канали е во соработка на АД Водостопанство на Република Македонија и Општина Босилово.Во моментов се чисти каналите во населеното место Турново. Но не застануваме тука продолжуваме со проектот и ќе се чистат каналите во сите населени места од Општина Босилово.

Митровден во Општина Босилово

Градоначалникот на Општина Босилово и претседателот на Советот на Општина Босилово вчера 08.11.2017 година по повод верскиот празник Св.Димитрија – Митровден ги посетија населените места Иловица, Дрвош и Сарај каде граѓаните по повод овој празник организираат курбан.

Конститутивна седница на Советот на Општина Босилово

Денес 02.11.2017 година со почеток во 10.00 часот се одржа конститутивна седница на Советот на Општина Босилово на која членовите на Советот дадоа свечени изјави , а беше и избран Претседател на Советот. За претседател на Советот на Општина Босилово со мнозинство гласови беше избран Ѓорги Аризанов.

Учество на „Зелен камп“ – Добриниште, Република Бугарија на ученици и наставници од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Иловица

Во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот“, ученици и наставници  од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Иловица, општина Босилово, учествуваа на тридневен „Зелен камп“ во Добриниште, Република Бугарија. Истиот се одржа  во периодот од 27-29 октомври 2017 година. На кампот учествуваа вкупно 30 ученици: 15 ученици од Р. Бугарија и 15 ученици од Р. Македонија.

Зелениот камп се одржа под мотото: „ГО ЦЕНИМЕ ЖИВОТОТ“. Основната ЦЕЛ на кампот беше да се подигне свеста и нивото на знаење на учениците од основното образование за правилно и ефикасно управување со отпадот. Исто така, настанот имаше за цел да обезбеди и директно учество на учениците во практични активности.

Учениците дискутираа за управувањето со отпад, за заштита на животната средина и како да се подобри квалитетот на животот,  учествуваа во креативни работилници и активности во природа. Исто така, имаа можност да посетат депонија според светски стандарди, како и  да присуствуваат на презентација на интерактивен модел на енергетски независна куќа.

„Зелениот камп“ беше одлична можност за учениците да научат, да откријат свои нови способности и таленти, да развиваат вештини, да работат во тимови, да се натпреваруваат, да се забавуваат и да создадат едни нови пријателства во една поинаква средина од училницата, која беше заменета со природа.

,,Средба на Русалии – фолклор,,- Секирник

По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица на 27 август во Секирник се одржa осмата по ред ,, Средба на Русалии – фолклор,,.

На средбата учество земаa повеќе русалиски групи меѓу кои:

– КУД ,, Русалии,, од Секирник,

-КУД ,, Танец,, од Миравци- Гевгелија,

-Русалиската фолклорна група ,, Центар,, од Република Бугарија,

-ФА Копачка Драмче-Делчево и

-Оркестар при КУД,,Кирил и Методи,,-Иловица.

И оваа година средбата беше организирана под покровителство на општина Босилово како и Министерството за култура на Република Македонија, православен храм ,,Пресвета Богородица”– Секирник и НУЦК ,,Антон Панов”– Струмица.

Состанок со Институтот за истражување – ИМПАКТ.

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев заедно со дел од советниците и дел од администрацијата на општина Босилово оствари средба со представници од Институтот за истражување – Импакт, кој во соработка со Европскиот институт за политики, а во контекст на регионалниот проект WeBER  за мониторинг на реформите во јавната администрација на Западен Балкан, спроведува истражување што ги анализира процесите и начинот на надворешна консултација на единиците на локалната самоуправа од Југоисточниот плански регион.

Проектот има за цел да утврди како најефикасно да се проведува процесот на надворешна консултација при донесувањето одлуки од важност за граѓаните.

Второ авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Босилово дека на ден 22.08.2017 година (Вторник) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 23.08.2017 година (Среда) во истиот временски период.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.