Во организација на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на РСМ и „3Д Проект Студио“ на 06.03.2020 во општна Босилово со почеток во 15 часот се одржа информативен ден за ИПАРД финансирачките можности, мерка 1.

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата. Станува збор за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Овој повик им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

Подобни корисници се:

Земјоделско стопанство:

Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство);
Индивидуален земјоделец – ИЗ;
Правно лице;
Задруги

2. Приоритетни сектори се:

Растително производство

Житарици, индустриски култури, фуражни култури, градинарство (вклучувајќи и компир), повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрва за производство на мед), лозја.

Сточарско производство

Говедарство (млечно говедарство, гоење), свињарство (репродукција, гоење), овчарство и козарство (млечно овчарство/козарство, гоење), живинарство ( производство на месо – бројлери, кокошки носилки).

Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство

Млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури, жита, мелнички производи и производи од скроб, растителни и животински масла и масти, шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет и сточна храна и фуражни култури.

Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

Обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или био горива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

3. Прифатливи инвестиции

Конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објекти;
Конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи;
Набавка на повеќегодишни растенија;
Набавка на нови машини и опрема;
Објекти и опрема за наводнување;
Набавка на специјализирани транспортни приколки;
Инфраструктура на земјоделско стопанство.
4.Висина на финансиската поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:

65% за инвестиции во земјоделски стопанства реализиарани од страна на млади земјоделци;
70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
Финансиската поддршка ќе се зголеми за 10 % за:

Инвестиции кои се однесуваат на системи складирање и управување со арско ѓубре;
Инвестиции за подобрување на ефикасноста од употребата на азотни ѓубривa и сл;
Инвестиции во објекти/опрема, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност;
Инвестиции во објекти/опрема за производство на био-енергија;
Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од другите обновливи извори за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделско стопанство;
Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација.
Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 3.000 €.

Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по еден корисник изнесува 1.500.000 €

за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 1.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализиарни (исплатени на корисникот).

Подетални информации во однос на рокот и начинот на аплицирање, услови и сл. може да се најдат на следниот линк: http://ipard.gov.mk

Коментари

коментари