КУД “Кирил и Методиј” Иловица

Желбата за подобрување на културниот живот во Иловица, подигањето на свеста за зачувување на традицијата, физичката активност која ја нуди изучувањето на  кореографии, подобрувањето на социјалниот живот на младите и оттргнувањето барем за момент од пороците на денешницата, беа појдовна мотивација да се регистрира друштво од ваков тип.

КУД „Кирил и Методи“- Иловица е регистрирано  во Февруари 2015 година и почнува со активно учество во културните манифестации низ околината а и пошироко.

Од основањето па до денес секојдневно се приклучуваат млади кои со голема желба и мотивација почнуваат со изучување на кореографии имајки за цел наученото да го покажат пред јавноста, да ги мотивираат и останатите млади за развивање на културниот живот како и зачувување на традиционалните вредности.

Одтука, главната дејност на нашето друштво е негувањето на традиционалниот македонски фолклор со цел да не се заборават сопствените културни вредности, младиот човек да се насочува кон културно живеење и развивање на младата личност во здрави поколенија активирајќи ги низ организирање и учество на разни манифестации, настани и обуки.

Во своето двегодишно постоење КУД „Кирил и Методи“- Иловица, има одржано 6 концерти и на повеќе наврати нашите играорци учествуваа на повеќе домашни и меѓународни концерти како што се: Средба на  Русалии-фолклор – Секирник, Велигденски средби- Ораовица, Морско конче- Обзор-Бугарија. Од настапите во Македонија како позначајни ги издвојуваме: Новогодишната прослава на Федерацијата на фармери на Република Македонија, Вешта жена – Јосифово, Концерт на КУД „Кавалџии “- Штука, Бенли Таш- камен на плодноста организиран од Slow food Ograzden  и многу други.

Нашето културно уметничко  друштво, беше дел и од проектот „ Dance with me “ кој го организираше Младинскиот совет на Општина Босилово финансиран од Европската комисија под програмата Erasmus plus на кој учествуваа претставници од Италија, Полска, Шпанија, Турција и Унгарија.

Председател: Димитар Јовчев

Кореограф:Марјан Стоев

Е-маил: kudkirilimetodijilovica@yahoo.com

TЕЛ- 076/208-168    072/261-731